Tesla од идната година ќе почне да користи хуманоидни роботи

- Advertisement -

Американскиот глобален производител на електрични автомобили Tesla ќе почне да користи хуманоидни роботи следната година, изјави извршниот директор Илон Маск.

„Тesla ќе има навистина корисни хуманоидни роботи во ниско производство за внатрешна употреба на Tesla следната година и се надеваме на високо производство за други компании до 2026 година“, напиша Маск на платформата X.

- Advertisement -

Хуманоидниот робот на Тesla по име Optimus рвпат беше претставен во септември 2022 година и тогаш беше наречен Bumblebee. Минатата година компанијата го претстави Optimus Gen 2 како нова генерација на својот хуманоиден робот.

Маск претходно годинва изјави дека верува оти Optimus ќе се користи за извршување на реални задачи во фабриките на Tesla до крајот на оваа година. Додека Tesla има за цел да користи хуманоидни роботи за извршување на повторливи и опасни задачи во фабриките, американските потрошувачи на крајот би можеле да ги користат за комерцијални цели во своите домови, велат експертите.

- Advertisement -

(N1)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -