Како технологијата ги промени онлајн игрите?

- Advertisement -

Онлајн игрите во модерна смисла за прв пат се појавуваат во втората половина на 1990-тите. Ова е периодот кога интернетот станува подостапен и постабилен, со што им овозможува на производителите на игри да ги остварат своите замисли и да им понудат на играчите атрактивни производи.

Се разбира, многу работи се сменети од тогаш. Денес, индустријата поврзана со онлајн игрите е една од најбрзо растечките и носи повеќе милијарди долари приход годишно. Една од причините за успехот на оваа индустрија е влијанието кое новата технологија го има врз неа.

- Advertisement -

Во овој текст ќе се осврнеме на неколку важни работи преку кои технологијата ги промени онлајн игрите.

Социјална интеракција и поврзаност

Можноста за комуникација на играчите преку текстуални пораки или аудио/видео комуникација значи дека играњето онлајн игри не е веќе самотничка активност туку социјална.

- Advertisement -

На пример, некои од најдобрите казина 2024 имаат повеќе опции кои им овозможуваат на kazino online корисниците да комуницираат меѓусебно. Ова се однесува особено на т.н. казина во живо каде играчите можат да им пишувата пораки на крупиеите и водители кои вршат преноси во живо и ги коментираат тие пораки.

Дополнително, вреди да се спомене и интеграцијата на социјалните медиуми и можноста за играње онлајн со повеќе играчи. Имено, играчите сега можат да се поврзат со своите пријатели, но и со непознати играчи од целиот свет. Ова доведува до формирање силни заедници како и зголемена компетитивност во реално време.

- Advertisement -

Се разбира, да не се случеше појавата на оптичкиот интернет како и други технологии, ова немаше да биде возможно.

Клауд гејминг и стриминг сервиси

Со појавата на клауд гејмингот и стриминг сервисите се случи вистинска револуција во гејминг индустријата. Играчите ширум светот добија полесна пристапност до своите омилени онлајн игри.

Со помош на оваа технологија, корисниците можат да играат висококвалитетни игри кои бараат многу ресурси на уреди како таблети и паметни телефони. Со други зборови, можат да играат на уреди кои претходно немале доволно капацитет да репродуцираат такви наслови.

Клауд гејминг платформите како PlayStation Plus, Google Stadia и NVIDIA GeForce NOW потполно го сменија начинот на играње овозможувајќи им на играчите пристап до огромни колекции на игри од буквално било кое место во било кое време се додека имаат пристап до интернет.

Со ова се елиминира потребата од поседување на скап гејминг хардвер бидејќи работата во најголем дел ја завршуваат серверите на овие сервиси.

Дополнително, клауд гејминг платформите нудат глатко играчко искуство со тоа што дозволуваат играчите да менуваат уреди без да го изгубат прогресот кој го имаат направено во одредени игри. На пример, тие може да играат и да достигнат одредено ниво на гејминг конзола, па потоа да продолжат од каде што застанале на својот десктоп компјутер.

Се на се, клауд гејмингот и стриминг сервисите донесоа пристапност и полесно играње за илјадници играчи.

Микротрансакции и купувањe во игрите

Појавата и подемот на бесплатните игри доведе до појава на алтернативни начини на заработка во индустријата поврзана со онлајн игрите. Овие игри се бесплатни за симнување и играње, но често вклучуваат опциони купувања во игрите односно микротрансакции.

Овие купувања доаѓаат во различни форми како на пример козметички предмети како скинови или облека за вашите ликови. Од друга страна, имаме и некои купувања кои влијаат на вашето искуство во играта како на пример купување дополнителни нивоа, предмети кои ви ја зголемуваат силата или пак виртуелни кредити кои се користат во играта.

Иако микротрансакциите им овозможуваат приход на производителите на игри кој го користат за подобрување и одржување на насловите, тие исто така предизвикуваат загриженост кај некои играчи и експерти во оваа област. Најголемата критика се однесува на механизмите кои им овозможуваат на корисниците да платат за да победат. На пример, постојат наслови каде играчите кои трошат повеќе пари добиваат значителна предност над останатите.

Понатака, постои и загриженост за искористување на слабостите на најлојалните корисници. Ова особено се однесува на младите играчи кои се уште не ја разбираат вредноста на парите во целост. Затоа постојат апели за построго регулирање на овие микротрансакции и нивно целосно избегнување доколку тоа е можно.

И покрај предизвиците со кои се соочуваат овие микротранскации и технологијата поврзана со нив се популарен модел за приходи кој овозможи да се појават и одржат многу игри на пазарот кои без овој начин на работа не би постоеле.

Меѓуплатформско играње

Модерните играчи имаат можност да користат најразлични платформи за да уживаат во онлајн игрите. На пример, некои преферираат тоа да го прават на некоја од популарните играчки конзоли како PlayStation или Xbox. Други пак се верни на компјутерите. Секако има и такви кои играат на мобилни уреди.

Во минатото, овие играчи се препираа која опција е подобра без притоа да имаат контакт со останатите. Со помош на меѓуплатформското играње, тие разлики се бришат.

Се повеќе игри кои се достапни онлајн им овозможуваат на играчите играње на различни платформи во исто време. Со други зборови, може да се натпреварувате против останатите без тазлика дали користите конзола, компјутер или мобилен уред. Секако, овој технолошки напредок не само што ја зголеми туку и ја поврза дисперзиранта играчка заедница.

Се разбира, меѓуплатформското играње се соочува и со извесни проблеми и предизвици. На пример, еден од главните проблеми и разликата во контролите и перформансите помеѓу различни уреди. На пример, оние кои користат современ контролер од играчка конзола веројатно се во предност споредено со некој што користи паметен телефон.

Добрата вест е дека производителите на игри веќе работат на пронаоѓање начини кои ќе ги стават сите играчи во еднаква позиција.

Фото – Needpix

Сподели!
- Advertisement -