Производството на електрична енергија од согорувањето на јаглен, нафта и гас се намали за 17 отсто во првите шест месеци од 2024 година во споредба со истиот период лани
Според извештајот, за прв пат досега 13 земји-членки на Европската унија генерирале повеќе енергија од ветер и сончева енергија отколку од јаглен и од гас. Ветерниците и соларните панели ги надминаа фосилните горива, а според податоците тие генерирале 30 отсто од електричната енергија на Европската унија во првата половина од годината.
Производството на електрична енергија од согорувањето на јаглен, нафта и гас се намали за 17 отсто во првите шест месеци од 2024 година во споредба со истиот период лани според климатскиот тинк-тенк „Ember“. Континуираното оддалечување од загадувачките горива доведе до пад од една третина на емисиите во секторот од првата половина на 2022 година.
Крис Рослоу, аналитичар во „Ember“ рече дека порастот на ветерот и сончевата енергија ја стеснуваат улогата на фосилните горива.
„Сведоци сме на историска промена во енергетскиот сектор и тоа се случува брзо. Извештајот покажа дека електраните на ЕУ согорувале 24 отсто помалку јаглен и 14 отсто помалку гас од првата половина на 2023 година до првата половина на 2024 година. Промената доаѓа и покрај малиот пораст на побарувачката за електрична енергија што следеше по двегодишниот пад поврзан со пандемијата и војната во Украина“, вели Рослоу.
Европа е меѓу најголемите историски загадувачи кои придонесоа гасовите што ја загреваат планетата да ги направи поекстремни временските услови, но истовремено Европа има и некои од најамбициозните цели да ја исчисти својата економија. Од руската инвазија на Украина, европските лидери ја забрзаа својата промена кон обновливите извори на енергија со посилна реторика и полабави правила за дозволи, пишува „Гардијан“.
Сценаријата моделирани од Меѓувладиниот панел за климатски промени и Меѓународната агенција за енергетика покажуваат дека поголемиот дел од електричната енергија потребна за напојување на чиста економија ќе дојде од зраците на сончевата светлина преку панелите но и ветерниците.
(Мета)
Фото – Wikimedia