Етиопија посади повеќе од 350 милиони дрвја за само 12 часа

- Advertisement -

Во понеделникот Етиопија засади повеќе од 353 милиони дрвја за само 12 часа, што е нов светски рекорд. Рекордното пошумување е во рамките на поголемата кампања за пошумување наречена Green Legacy. Милиони Етиопијци ширум земјата учествуваа во предизвикот и во текот на првите шест часа биле посадени околу 150 милиони дрвја.

Откако завршиле тие 12 часа премиерот на Етиопија, кој е на чело на кампањата, напиша на Twitter дека Етиопија не само што ја достигнала својата колективна GreenLegacy цел, туку ја надминала. Вкупно биле посадени 353.633.660 дрвја!

- Advertisement -

Овој предизвик ги поттикна жителите на втората најнаселена земја во Африка да посадат 200 милиони дрвја за само еден ден. Во 2017 година Индија го постави светскиот рекорд кога 1,5 милиони доброволци посадиле 66 милиони дрвја за само 12 часа.

- Advertisement -

Целта на Етиопија е многу поголема од ова пошумување. Националната кампања за садење дрвја има за цел да се посадат 4 милијарди дрвја во текот на дождовната сезона, односно од мај до октомври годинава. Според Farm Africa, организација која работи на пошумување на источна Африка и помагање на фармерите да излезат од сиромаштија, помалку од 4% од површината на Етиопија е пошумена, а на крајот на 19-тиот век тој процент бил 19%.

Земјата страда и од ефектите на климатските промени, па земјиштето станува неплодно, има ерозија на земјиште, обесшумување, а во последно време и големи суши и поплави. Сепак, за 80% од популацијата на Етиопија земјоделството е единствениот извор на приходи.

Сподели!
- Advertisement -