Нов тип на погон со помош на ветер наскоро би можел да се користи за товарни бродови, со што ќе се намали нивната зависност од дизелот.
Истражувачи развиваат огромни цилиндри кои ќе бидат поставени на палубите на товарните бродови. Овие цилиндри ќе создадат потисок со вшмукување воздух, кој потоа ќе се исфрли под притисок во друга насока.
Според истражувањето, секој цилиндар ќе може да се спушта за да можат бродовите да минуваат под мостови и да се движат во пристаништата.
“Она што беше старо сега се враќа во мода. Со денешниот технолошки напредок погонот со помош на ветер е ефикасна алтернатива на дизел моторите. Големата предност е што тоа е еколошки и ефикасен начин за да се декарбонизира бродската индустрија, која е одговорна за околу 3% од глобалните емисии на стакленички гасови“, рече Геченг Жа, професор по воздушно инженерство и директор на Лабораторијата за аеродинамика и пресметковна флуидна динамика на Универзитетот во Мајами.
На одредени транспортни рути цилиндрите би можеле да ја намалат потрошувачката на гориво за 50 отсто, тврди Жа, кој сè уште е во фазата на дизајнирање и симулација на неговите инструменти на ветер.
Дополнително, употребата на стационарни цилиндри без подвижни делови ветува намалување на трошоците за поморско гориво до 90%.
„Морската индустрија има тенденција да се спротивстави на промените бидејќи дизел моторите се толку моќни. Меѓутоа, со зголемен притисок, сакајќи или несакајќи, тие ќе мора да се променат“, додаде тој.
Развиени со помош на технологија за млаз слична на онаа што ја користи за неговото истражување на нов тип авиони, неротирачките цилиндри на Жао ќе бидат многу поефикасни од погонските единици кои моментално се користат на неколку товарни бродови.
„Ние би можеле да произведеме поголем потисок“, рече Жа.
Во моментов на некои пловни објекти се користат погонски единици кои користат ветер.
Околу 30 товарни бродови од вкупната глобална флота од околу 60.000 бродови во моментов користат ветерен погон со развивање на силни едра направени од алуминиум, фиберглас и јаглеродни влакна, а дополнително ја користат минималната моќност на моторите на бродот. Се очекува оваа бројка да се зголеми на речиси 11.000 до крајот на оваа деценија.
(Klix.ba)