Збогум на ретровизорите во автомобилите – еве што ќе ги замени во иднина

- Advertisement -

Долги години, речиси една деценија, се шпекулира за автомобилот на Apple. Во текот на тие години по интернет кружеа различни информации – од тие дека компанијата развива електричен Apple Car до тоа дека треба да биде целосно автономно возило, па извесно време се зборуваше дека компанијата се откажала од автомобилите и дека е базирана само на автономна технологија. Но, Кук повторно се предомислил и проектот за автомобили е оживеан, за неодамна да дознае дека Apple, под притисок на инвеститорите, целосно се откажал од овој проект.

Иако никогаш нема да го видиме самиот автомобил (освен ако директорите на компанијата повторно не ги променат своите планови во иднина), некои од патентите за кои компанијата аплицираше може еден ден да ја видат светлината на денот на возилата од други производители. Имено, бидејќи тимот од Apple потрошил неколку години и многу пари на истражување и развој на производи за нивниот автомобил, тешко е да се поверува дека компанијата нема да се обиде да направи ништо со овие патенти, односно дека нема да обиде да заработи пари од нив или со нивна продажба или со лиценцирање на други компании. Еден од тие патенти се однесува на употребата на камери наместо ретровизори.

- Advertisement -

Иако такви технологии веќе постојат и многу производители веќе користат камери на своите автомобили, било како помош за паркирање или како помош на дисплејот од ретровизорот, патентот на Apple носи одредени новитети. Како што објаснуваат на Tech Times, моментално погледот на камерите од автомобилот е прикажан на контролната табла, додека инженерите на Apple замислиле да биде на шофершајбната.

Има бројни предности на дисплејот на шофершајбната, а таквиот дисплеј треба да ја зголеми безбедноста при возење. Имено, благодарение на технологијата на Apple, возачите веќе не би морале да гледаат лево-десно за да ја видат ситуацијата зад нив и настрана, туку би гледале се на самото ветробранско стакло, па ќе го задржат фокусот на патот пред себе. Исто така, бидејќи камерите имаат широк агол на снимање, нивната употреба од страна на возачите ќе ја зголеми видливоста на патот и сообраќајот покрај и зад автомобилот.

- Advertisement -

Доколку страничните ретровизори би биле целосно отстранети поради камерите, тоа би можело дури и да резултира со помала потрошувачка, поради помалиот отпор на воздухот, а тоа би овозможило и други иновативни опции како автоматско предупредување за закани на патот и слично.

(Tech Times)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -