Во ЕУ минатата година регистрирани 1.5 милиони нови електрични автомобили

- Advertisement -

Минатата година во Европската Унија беа регистрирани 1.5 милиони нови електрични автомобили на батерии, со што нивниот вкупен број достигна 4.5 милиони. Бројот на електрични автомобили на батерии е зголемен за 48.5 отсто во споредба со 2022 година, кога во ЕУ имаше вкупно три милиони, објави Евростат, пренесува Ал Џазира Балканс.

Уделот на електричните автомобили на батерии меѓу регистрациите на нови автомобили во ЕУ достигна 14.6 отсто во 2023 година.

- Advertisement -

До 2018 година, уделот на ваквите возила беше под еден процент и постепено се зголеми на 5.3 отсто во 2020 година, на девет отсто во 2021 година и на 12.1 отсто во 2022 година.

Во Данска, електричните автомобили со батерии сочинуваа 7.1 отсто од сите патнички автомобили минатата година, а овој удел беше релативно висок и во Шведска, каде беше 5.9 отсто, Луксембург 5.1 отсто и Холандија пет отсто.

- Advertisement -

Спротивно на тоа, 14 земји забележаа удел на електрични автомобили на батерии во вкупниот број патнички автомобили под еден процент.

Најмал удел е забележан во Кипар, Грција и Полска, во сите три случаи од 0.2 отсто.

- Advertisement -

Во просек, електричните автомобили сочинуваа 1.7 отсто од сите автомобили во Европската унија минатата година.

(Радио МОФ)

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -