Во уметничкиот хотел Euronova во Келн покрај ходниците се поставени необични теписи, кои создаваат оптички илузии поради нивниот 3Д изглед. Нивната цел е да ги спречат гостите да трчаат по ходниците.
Станува збор за црн тепих со виолетова 3D шема. На социјалните мрежи се појави слика од необичен тепих со пораката: „Еден хотел во Германија користи 3Д теписи за да ги спречи гостите да трчаат низ ходникот. Овој модел на оптичка илузија е насекаде“.
На Reddit постои претпоставка дека ова е класично решение за често прекршеното правило да не се трча низ хотелот. 3Д тепихот не само што ги украсува ходниците, туку го има и во хотелските соби и во конференциските сали. Виолетовата шема на оригиналната слика е пресликана во хотелските соби.
Очигледно овој хотел во преден план ја става атмосферата во хотелот, која навестува дека нема да имате обичен одмор. Сепак, тепихот наликува на еден од оние модели на искривување на просторот и времето. Во најмала рака, сопнувањето низ хотелот не е пријатно искуство за гостите. Поради ова, ретко кој ќе се осмели да трча, што е и целта на германскиот хотел, кој е уникатен во овој поглед.
(Bizlife)
(фото: Reddit)