Современиот земјоделски инженер со специјализација во дигитално земјоделство игра клучна улога во трансформацијата на македонските земјоделски компании преку усовршувањето на вештините за управување со новите технологии, како GPS или сензори за прецизно следење на состојбата на почвата и растенијата и слично. Студентите преку практична работа уште на Факултет се запознаваат со можностите на технолошките решенија и роботиката.
Дигиталната трансформација на земјоделството добива сè поважна улога за подобрување на продуктивноста и ефикасноста на секторот. Со напредокот на технологијата во поновата историја и имплементацијата на вештачката интелегенција (AI), употребата на дигитални решенија обезбедува иновации кои го менуваат начинот на работа на земјоделските производители. Со зголемување на светската популација, расте и потребата за производство на земјоделски производи, каде што вештините и управувањето со дигиталните технологии се неопходни за максимизирање на квалитетни и сигурни приноси.
Употребата на дигиталните технологии во земјоделството е неограничена. Почнува од примената на прецизни земјоделски практики и технологии во растителното и анималното производство, технологии во справување со климатските промени и заштита на животната средина, сензори и вградливи микрокомпјутерски системи се до роботика и анализа на сателитски снимки за усовршување на земјоделските процеси.
Современиот земјоделски инженер со специјализација во дигитално земјоделство игра клучна улога во трансформацијата и усовршувањето на вештините за управување со овие технологии. Тие се основа за постигнување најдобри резултати и иновации во земјоделството. Користењето на GPS технологии и сензори за прецизно следење на состојбата на почвата и растенијата, паметно управување со водените ресурси за намалување на отпадот на вода и зголемување на ефективноста на наводнувањето, софтверски решенија за управување со семето, ѓубривото и заштитните средства се до користење на роботиката (AI) за берба и садење, се едни од клучните алатки на земјоделците кои помагаат во планирање и управување со фармите.
Во нашата земја, компаниите континуирано се усовршуваат во технолошкиот развој и ги следат современите трендови. ЗК Пелагонија, кој е и најголемиот земјоделски комбинат, со 16.000 хектари обработливо земјиште и 70 годишна традиција икомпанијатаАгростарт сонад 35 години искуство во земјоделскиот сектор, се репрезентативни примери за постојано брзо прилагодување на предизвиците во овој сектор и примена на дигиталните и технолошки решенија во нивниот работен процес.
“Примената на современи технологии за одржлив развој и посветеноста на зголемена продуктивност во земјоделството ни помага да ги намалиме трошоците, да го зголемиме приносот и да ја подобриме целокупната ефикасност на нашето работење. Со повеќе од 70 години традиција, ЗК Пелагонија континуирано вложува во развојот на нови генерации земјоделски експерти и во модернизацијата на земјоделските практики. Од постоечките технологии ги користиме precise farming, autotrac by John Deere, сателитско пратење на тракторите и сензори за испитување на состав и квалитет на почвата. Планираме да инвестираме и во дронови кои ќе овозможат прецизно да мапираме, да следиме големи површини на земјоделско земјиште, поефикасно да управуваме со ресурсите и побрзо да идентификуваме потенцијални проблеми преку мониторинг на растот на културите, детекција на болести и проценка на приносите“, – вели Андреј Мицковски, агроном во ЗК Пелагонија.
Според Мицковски компанијата е отворена за млади и амбициозни професионалци кои се бават со модерното земјоделство, а кои носат свежи идеи и енергија клучна за иновации и развојот на ЗК Пелагонија. Соработката со ФЗНХ, пак, им дава пристап до кадар кој е подготвен да управува со модерните технологии.
Иако дигитализацијата на македонското современо земјоделство е на зачеток, од Агростарт се согласуваат дека ги следи современите решенија и со тоа се зголемува потребата за стручен кадар кој е подготвен да ги примени најновите технологии.
“Имаме долгогодишно искуство во областа на земјоделството и на трговијата. На површина од 1100 хектари произведуваме житарици, сончоглед, пченка, компир, грозје и бостан со примена на најсовремена механизација која овозможува оптимизирана обработка на почвата, ефикасно сеење, прецизно прскање и брза жетва на производите. Со континуирана обука и развој на стручни кадри веруваме дека ќе го зголемиме капацитетот на нашето производство. Нам дигитализацијата во земјоделството ни овозможи да бидеме поконкурентни на регионалниот пазар и да обезбедиме перспективи и подобра иднина за младите агрономи во земјата“, вели Јован Трајковски од Агростарт.
Воведувањето на иновации го подобруваат квалитетот на производите и ги заштитуваат природните ресурси, што е неопходно за одржлива иднина. Интеграцијата на технологијата во земјоделството не само што го подобрува производството, туку отвора и нови можности за младите професионалци и го трансформира традиционалниот начин на работа во земјоделството.
Повеќе детали за новата студиска програма, можете да најдете на линкот:
http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/upisi.html