Паметна маска препознава респираторни болести преку здивот

- Advertisement -

Персонализираните уреди за носење кои го следат здравјето на луѓето се во пораст. Од часовници до фластери и други видови сензори, овие паметни уреди можат да го следат отчукувањата на срцето, нивото на воспаление и многу повеќе за да им помогнат на пациентите подобро да управуваат со своето здравје од удобноста на нивните домови. Сега на листата може да се додаде нов тип на уреди за носење, високотехнолошка хартиена маска која го анализира здивот.

Веи Гао од Caltech, професор по медицински инженеринг, и неговите колеги развија прототип за паметна маска што може да се користи за следење на низа медицински состојби, вклучително и респираторни заболувања како астма, ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест) и пост Ковид-19 инфекција.

- Advertisement -

За разлика од другите паметни маски кои ги следат физичките промени како температура, влажностa или брзинаta на дишење, оваа, наречена EBCare, може да ги анализира хемикалиите во здивот на една личност во реално време. На пример, маската може да ги следи пациентите со астма за нивото на нитрит, хемикалија која укажува на воспаление на дишните патишта.

„Следењето на здивот на пациентот е нешто што рутински се прави, на пример, за да се процени астмата и другите респираторни состојби. Сепак, тоа бара од пациентот да посети клиника и да чека лабораториски резултати“, вели Гао, главниот истражувач, за новата студија, која ја опишува маската во списанието Science.

- Advertisement -

Со цел селективно да се анализираат хемикалиите или молекулите во нечиј здив, истражувачите мора прво да ја изладат здивната пареа во течност. Во клинички услови овој чекор на ладење се изведува одделно од анализата. Примероците со влажен здив се ладат во кофи за мраз или гломазни ладилници. Спротивно на тоа, новата маска на Гао сама се лади. Здивот се лади со пасивен систем за ладење, кој интегрира испарувачко ладење со хидрогел со ладење со зрачење за ефективно ладење на здивот на маските за лице.

Откако здивот ќе се претвори во течност, серија капилари, наречени микрофлуиди, веднаш ја транспортираат течноста до сензорите за анализа.

- Advertisement -

Резултатите од анализата потоа безжично се пренесуваат на личен телефон, таблет или компјутер.

„Паметната маска може да се произведе по релативно ниска цена“, вели Гао. Дизајнирана е да чини само околу 1 долар во материјали.

За да ја тестираат маската, тимот направил низа човечки студии, примарно насочени кон пациенти со астма или ХОББ. Конкретно, тие го следеле здивот на пациентите за нитрити, биомаркери на воспаление во двете состојби. Резултатите покажале дека маските точно го откриле биомаркерот, што укажува на воспаление на дишните патишта на пациентите.

Во друга студија тимот покажал дека маските прецизно ги откриваат нивоата на алкохол во крвта кај луѓето, што укажува на тоа дека маските може да се користат за проверки на лице место за возење под дејство на алкохол или други форми на следење на потрошувачката на алкохол.

Тие, исто така, разгледувале како маските потенцијално би можеле да се користат за да се проценат нивоата на уреа во крвта при следење и лекување на бубрежни заболувања. Како што се намалува функцијата на бубрезите, во крвта се акумулираат нуспроизводи од метаболизмот на протеините, како што е уреата. Во исто време, уреата се зголемува во плунката, која се распаѓа во гас амонијак, што доведува до повисоки нивоа на амонијак во кондензатот на здивот. Една нова студија покажа дека паметните маски можат точно да ги детектираат овие нивоа на амонијак, прецизно одразувајќи го нивото на уреа во крвта.

„Овие први студии се доказ за концептот“, вели Гао. „Сакаме да ја прошириме оваа технологија за да вклучи различни маркери поврзани со различни здравствени состојби. Ова е основата за создавање маска која функционира како разноврсна платформа за следење на општото здравје“.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -