Oваа европска земја има за 52% повисоки цени од просекот на ЕУ

- Advertisement -

Луксембург има највисоки потрошувачки цени меѓу земјите од Европската унија, дури 52 отсто повисоки од просекот на ЕУ. Поточно, образованието во оваа земја е поскапо од кое било друго место во ЕУ, со 276 отсто над просекот.

Во исто време, оваа мала земја од Западна Европа има највисоки просечни плати – околу 47,2 евра на час и е центар на финансиските и технолошките услуги на Стариот континент, покажуваат податоците на Евростат.

- Advertisement -

Според овој критериум, Данска е втора со 42 евра на час, Норвешка трета со 41,7, а Исланд четврти со 39,5 евра. За разлика од нив, на дното на скалата се Бугарија со просечна саатница од осум евра, потоа Романија со 10,4, Летонија со 10,7 и Унгарија со 11 евра на час, пренесува сајтот Бизнис.

Фото – Wikimedia Commons

Сподели!
- Advertisement -