Американска технолошка компанија отвори центри за инжeнерски дизајн во Белград и Ниш

- Advertisement -

Компанијата „AMD“, глобален технолошки иноватор oд САД отвори центар за инженерско дизајнирање во Белград и Ниш во Србија со цел да го зајакне своето присуство во регионот на Балканот, изјави денеска високиот потпретседател и главен софтверски директор на компанијата, Андреј Здравковиќ.

На прес-конференцијата одржана по повод отворањето на тој центар, тој рече дека ова е почеток на долгорочна соработка меѓу компанијата АМД и универзитетите во Србија за развој на инженерскиот кадар во нашата земја.

- Advertisement -

Сакаме да им помогнеме на факултетските институции да создадат кадар неопходен за дигитализација и за новите трендови во индустријата“ – рече Здравковиќ. Новиот Центар за инженерски дизајн ќе вработува висококвалификувани софтверски инженери фокусирани на развој на софтверски технологии оптимизирани за водечките компјутерски платформи на AMD. Во новиот центар во Белград ќе работат 60 инженери, додека во Ниш ќе има 30 и сите ќе се занимаваат со фундаментален развој на чиповите и софтверот на AMD.

Ќе продолжиме да го развиваме овој центар и да го удвоиме во следните неколку години, а можеби и повеќе. Тоа значи дека треба да создадеме развоен центар „АМД“, адекватен на оној во Торонто или Калифорнија“ – рече Здравковиќ.

- Advertisement -

Тој додаде дека новиот развоен центар во Србија ќе биде достапен и за искусни и за млади инженери.

Фото – The Blue Diamond Gallery

Сподели!
- Advertisement -