Успешно испечатен првиот метален предмет во вселената

- Advertisement -

3Д печатач изграден од Airbus и неговите партнери, беше лансиран до Меѓународната вселенска станица претходно оваа година, каде што астронаутот на ЕСА, Андреас Могенсен го инсталираше товарот во модулот Columbus на Европскатa вселенска агенција. Во август печатачот успешно го испечати првиот 3Д метален предмет во вселената.

Овој производ, заедно со уште три планирани за остатокот од експериментот, ќе бидат вратени на Земјата за квалитетна анализа. Два примероци ќе одат во Техничкиот центар на Европската вселенска агенција во Холандија (ESTEC), друг во Центарот за обука на астронаути на агенцијата во Келн за употреба во објектот LUNA, а четвртиот во Техничкиот универзитет во Данска.

- Advertisement -

Како што истражувањето на Месечината и Марс се зголемува во времетраењето на мисијата и растојанието од Земјата, снабдувањето со вселенски летала ќе стане попредизвикувачки.

Инкременталното производство во вселената ќе им даде автономија на мисиите и екипажите, обезбедувајќи решение за производство на потребните делови, поправка на опрема или изградба на специјални алатки за време на мисијата, наместо да се потпира на залихи за снабдување.

- Advertisement -

Печарачит на Европската вселенска агенција е првиот кој успешно печати метална компонента во услови на микрогравитација. Во минатото Меѓународната вселенска станица беше домаќин на 3Д принтери кои правеа предмети од пластика.

Печатачот е изграден од Airbus и неговите партнери, а Универзитетот Кранфилд во Обединетото Кралство е вклучен во дизајнот на системот за спојување и хардверот, како и неговиот ласерски извор, оптика, складирање на суровини и систем за напојување.

- Advertisement -

Операциите за печатење биле следени од CNES од неговиот центар за контрола на носивост на Меѓународната вселенска станица.

„Со печатењето на првата метална 3Д форма во вселената тимовите на ESA Exploration постигнаа значајна пресвртница во воспоставувањето на производствени капацитети во орбитата. Ова достигнување, овозможено од меѓународен и мултидисциплинарен тим, го отвора патот за далечнитњ и долготрајни мисии каде што создавањето на резервни делови, градежните компоненти и алатки по барање ќе бидат клучни“, вели Даниел Нојеншвандер, директор за истражување на луѓе и роботика во Eвропската вселенска агенција.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -