- Advertisement -
Почитувани,
Гоу Грин ве поканува да ни се придружите на одбележувањето на Европската недела на мобилност, која оваа година се фокусира на важноста на споделениот јавен простор. Во периодот од 16 до 22 септември, низ цела Европа се организираат активности кои ги поттикнуваат граѓаните да размислуваат за одржлива урбана мобилност и подобро користење на јавниот простор.
- Advertisement -
Оваа година, од 16 до 20 септември Гоу Грин организира два уникатни настани во Општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Аеродром:
- Вело-бус – Собирање на деца и родители на велосипеди, тротинети и ролери кои заеднички ќе се движат кон училишта и градинки. Вело-бусот ќе тргне во 30 минути пред првиот школски од првата постојка и ќе помине низ населбите, застанувајќи на неколку вело-постојки од кои ќе ги земе децата и нивните родители, кои заедно ќе се повозат низ населбите до своите училишта и градинки. Ова е одличен начин да го намалиме метежот од возила, загадувањето и да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Рута на вело-бусот: ЛИНК.
- Маалско дружење во населбите – Меѓу 8:00 и 12:00 часот, по завршувањето на вело-бусот, ќе организираме маалски игри и активности на различни јавни простори низ општините. Ова е настан за сите генерации, каде ќе се играат традиционални игри како школка, ластик, скокање јаже, и ќе се одржат уметнички активности и настапи на локални хорови. Целта е да се поттикне меѓугенерациска соработка и да се врати духот на заедницата во јавниот простор.
Сите жители на општините и градот се поканети да учествуваат, без оглед на возраста и интересите. Да ја вратиме маалската игра и дружење на улиците и да покажеме дека јавниот простор е за сите нас!
- Advertisement -
- Advertisement -