Tupperware може да поднесе барање за стечај оваа недела поради долг од околу 700 милиони долари, објави Bloomberg во понеделникот. Tupperware, производител на производи за конзервирање на храна, е еден од традиционалните светски брендови. Пластичните контејнери станаа незаменливи во кујната во 1950-тите, кога зафатените домаќинки почнаа да продаваат производи на пријатели и познаници на таканаречените „Тапервер забави“. Со херметички контејнери, производителот вети дека храната ќе остане свежа долго време, а денес речиси и да нема домаќинство кое нема или барем еднаш го имало нивниот производ.
Откако се објави оваа информација цената на акцијата падна за 57 отсто.
Компанијата, која е основана во 1946 година од бизнисменот Ерл Силас Тапер, веќе некое време се бори со финансиски тешкотии. И покрај краткото зголемување на профитот за време на пандемијата на коронавирус, продажбата падна во последните квартали. Веќе во март, компанијата предупреди на проблеми со ликвидноста и изрази сомневање за нејзиниот континуиран опстанок.
Во 2023 година, Tupperware се обиде да го спаси бизнисот со реструктуирање на менаџментот. Лори Ен Голдман стана нов извршен директор, на местото на Мигел Фернандез, кој беше назначен во 2020 година. Но, проблемите на компанијата се влошуваа.
Извор – Б92
Фото – Free Images