Италија забранува пушење во паркови, на станици и на терасите на кафулињата

- Advertisement -

Пушењето ќе биде забрането на многу места на отворено во Италија 20 години откако беше забрането во затворен простор, објави весникот La Stampa. Новата забрана, која ќе ги опфати надворешните делови од баровите, автобуските станици и парковите во кои има деца и трудници. Забраната ќе ги опфати и електронските цигари и производите со загревање на тутунот.

Италијанското здружение за медицина за животна средина ја поздрави новата предложена забрана. Луѓето кои почнуваат да пушат електронски цигари кога се млади, подоцна ќе станат вистински пушачи, велат од здружението.

- Advertisement -

Поранешниот министер Карло Џиованарди, кој имаше клучна улога во претходната забрана за пушење во затворен простор која уште во 2003 година ја воведе тогашниот министер за здравство Џовани Сирчиа, вели дека со оваа нова уредба ќе се добие поголема слобода за сите. Тој тврди дека на овој начин луѓето и понатаму ќе можат да пушат на отворено, но не кога околу нив се присутни и други луѓе.

(CDM)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -