Eсенската кошничка со ограничени маржи оди на владино одобрување

- Advertisement -

Лебот, пекарските и млечните производи, месото, овошјето и зеленчукот, шеќерот, брашното и зејтинот се дел од стотината продукти кои ќе се продаваат со ограничена бруто профитна маржа до 10%. Министерството за економија во консултација со сите засегнати страни ја направи математиката и на Владата и го доставила предлогот за есенската кошничка.

Министерот Дурмиши очекува за мерката да се дискутира на следната владина седница.

- Advertisement -

„За еден месец ќе биде таа одлука, како есенската потрошувачка кошница, така натаму ќе правиме и божиќна кошница, рамазанска, велигденска итн. Поради тоа што се знае дека во овие временски периоди секогаш трговците ги зголемуваат цените, така ние да им излеземе во пресрет на граѓаните ги правиме овие мерки“, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.

Мерката се очекува да важи еден месец. Практиката на ова одобрување ќе продолжи и за време на Нова Година, Рамазан и Велигден. Според последните податоци за еден месец, најмногу поскапе зеленчукот, 10 отсто.

- Advertisement -

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -