Откриено кога ќе се стопи еден од најголемите глечери во светот

- Advertisement -

Огромна површина на глечерот Твајтс на Антарктикот продолжува да се топи и поголемиот дел од него би можел да биде изгубен до 23 век, велат експертите. Површината на глечерот приближно одговара на островот Велика Британија или на американската држава Флорида.

Количината на мраз што тече во морето од Твајтс и од соседните глечери се зголеми повеќе од двојно меѓу 1990-тите и 2010-тите години. Експертите велат дека глечерот и поширокото подрачје на Амундсеновото Море се одговорни за 8% од сегашната стапка на пораст на глобалното ниво на морето од 4,6 милиметри годишно.

- Advertisement -

Тоа е еден од најголемите глечери во светот и еден од тие што најбрзо се менуваае а доколку целосно се стопи, нивото на морето би се зголемило за импресивни 65 сантиметри.

Најновите компјутерски модели предвидуваат дека губењето на мразот ќе се забрза во текот на 22 век и може да доведе до целосно топење на ледената покривка на Западниот Антарктик во 23 век.

- Advertisement -

Експертите тврдат дека е потребна брза и одржлива климатска интервенција за да се променат работите на подобро. Тие открија сложена и брзо променлива средина на оддалечен глечер од 2018 година, а научниците од ОК и САД се состануваат оваа недела во British Antarctic Survey (БАС) во Кембриџ за да разговараат за нивните набљудувања.

Пред почетокот на проектот International Thwaites Glacier Collaboration (ITGC) малку се знаеше за механизмите што го регулираат топењето на толку голем глечер. Роб Лартер, научен координатор на ITGC и геофизичар на BAS, вели дека Твајтс се топи повеќе од 80 години, што значително се забрзало во текот на изминатите 30 години, а нивните наоди сугерираат дека ќе се топи уште повеќе и побрзо. Постои консензус дека топењето на глечерот Твајтс ќе се забрза некаде во следниот век.

- Advertisement -

Сепак, постои и загриженост дека другите процеси откриени од неодамнешните студии, кои сè уште не се доволно истражени во модели од големи размери, би можеле да предизвикаат забрзување на топењето дури и порано, додава Лартер.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -