Владата ја замрзна маржата на 73 прехранбени производи на 10 проценти

- Advertisement -

На предлог на Министерството за економија, Владата ја усвои „есенската кошница“. Со ова се замрзнува бруто профитабилната маржа на максимални 10 проценти во трговија на мало и на големо. Есенеската кошница содржи 73 прехранбени производи, кои се редовни намирници кои ги пазарат граѓаните.

„Во листата на прозводи, спаѓаат брашно, леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестенини, масло за јадење и дел од конзервираните производи“, вели Бесар Дурмиши.

- Advertisement -

Производите кои се вклучени во есенската кошница, трговците се должни јасно да ги означат со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд.

Оваа мерка ќе трае до 31 октомври оваа година. Меѓутоа, во наредниот период мерката есенска кошничка ќе се применува и во иднина, како божиќкна, рамазанска, велигденска кошница, со времетраење на празниците, кога вообичаено поскапуваат основните продукти.

- Advertisement -

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -