Утврдени минималните цени за откуп на јаболките

- Advertisement -

Цените за откуп на јаболка се договорени и ќе бидат јавно објавени на сите откупни места од понеделник. Минималната цена за сортата Ајдарет од прва класа е утврдена на 18 денари, додека индустриското јаболко ќе започне со 8 денари по килограм, со можност за корекција во согласност со пазарната побарувачка.

Откупувачите ги објавија цените, кои од понеделник ќе бидат јавно истакнати на сите откупни места. Она што можам да го ветам на земјоделците е дека процесот ќе биде надгледуван од Земјоделскиот инспекторат, со цел сè да се одвива во согласност со законите и договорените процедури,“ изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски

- Advertisement -

Тој додаде дека Министерството ќе внимава да се почитуваат сите процедури при откупот на земјоделските производи, особено за јаболките, кои се важен извозен производ.

„Денеска одржавме втора средба во рок од 10 дена, на која дискутиравме за пласманот на јаболката од реколтата за 2024 година. Заедно со откупувачите, договоривме минимални цени кои ќе важат на почетокот на откупот за оваа реколта,“ изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, по состанокот со откупувачите на јаболка во Ресен.

- Advertisement -

Трипуновски изјави дека цените на јаболката ќе бидат подложни на корекции според побарувачката на пазарот.

Сподели!
- Advertisement -