Постои една навика што ја имаат успешните луѓе која им помага да ги постигнат своите многубројни цели, изјави Дејвид Рок, основач и извршен директор на Институтот NeuroLeadership, компанија која се занимава со научен пристап кон лидерството. Според него, тие подобро управуваат со својот мозокот
Многу успешните луѓе подобро ја користат ограничената способност за одлучување што ја имаат, додава тој. Тие, исто така, знаат кога е добро да прекинат да се обидуваат да решат некој проблем и едноставно остават несвесно да се реши.
Со толку многу барања за вашето време и внимание, може да биде тешко да знаете како да го користите вашиот мозок на најоптимален начин, пишува CNBC Make It.
Еве една вежба која Рок предлага да ја испробате.
Кога се обидувате подобро да разберете како да го користите вашиот мозок, Рок предлага „обрнете внимание на вашето внимание“. Тој го опишува тоа како забележување „шеми во размислувањето во текот на денот“. На пример, може да „забележите колку сте фокусирани наутро и колку сте неверојатно слаби попладне“.
Како и многу луѓе, и вие може да се чувствувате освежени наутро бидејќи сè уште не сте оптоварени со многуте проблеми што ќе треба да ги решите и задачите што ќе треба да ги извршите. Сепак, до крајот на денот може да ве преоптоварат различните обврски кои се појавија и да ви биде тешко да се фокусирате.
Кога ќе го видите квалитетот на вашето размислување во текот на денот, можете да почнете да планирате соодветно. Ако вашиот ум е најбистар наутро, искористете го тоа време за подлабоко размислување, советува Рок, бидејќи едноставно можете подобро да се фокусирате.
Зачувајте ја помалку креативната работа за моменти кога имате тенденција да бидете повеќе расеани. Рок препорачува „прво креативна работа, потоа итна и важна работа, е-пошта, па се останато“. Сето тоа може да гарантира дека делот од денот кога имате најдобар фокус е посветен на задачи кои навистина го бараат тоа.
Рок, кој ја истражувал оваа навика во својата книга Your Brain at Work: Strategies for Overcoming Distraction, открил дека луѓето кои се потпираат на неа се посреќни, попродуктивни и помалку под стрес.
(Bizlife)
(фото: thebluediamondgallery)