Спиењето има бројни позитивни ефекти врз здравјето, но треба да имате на ум дека не треба да претерувате. Неврологот и специјалист за медицина на спиењето Крис Винтер изјави за Fox News Digital дека за возрасните спиењето повеќе од 11 часа, сепак, е премногу, а потоа конзистентноста и квалитетот на спиењето се доведуваат во прашање.
Додека премалку сон може да предизвика многу негативни последици, вишокот сон може да претставува ризици како што е инерција на спиење, односно чувство на замор што се јавува по предолго спиење.
„Многу луѓе се борат со компензаторскот сон. Со други зборови, не сте спиеле доволно во текот на работната недела, па затоа се обидувате да го надоместите изгубениот сон за време на викендот”, рече тој.
Иако бројни истражувања укажуваат дека премногу, но и премалку спиење е ризик по здравјето, Винтер нагласи дека е подобро да спиете премногу отколку недоволно.
„Обидот да се создаде конзистентност во сонот е исто така важен“, додаде тој.
(Klix.ba)