ТИТАН УСЈЕ –добитник на национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа

- Advertisement -

Висока посветеност на добросостојбата на вработените и континуирано надградување на системот за безбедност и здравје во работата, е еден од приоритетите на Титан УСЈЕ. Добрата пракса на компанијата, денес беше наградена со највисокото признание во областа – Национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа во 2024 година. Титан УСЈЕ е една од добитничките на оваа награда и тоа во категоријата компании до 250 вработени.

Доделувањето на наградата се одржа на настан во организација на Министерството економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје во рамките на Европската недела за безбедност и здравје при работа, која годинава се одбележува од 21 до 25 октомври. Главна цел на настанот е подигнување на свеста за значењето на безбедноста на работниците и нивното здравје на работните места.

- Advertisement -

Титан УСЈЕ реализира низа активности чија цел е создавање на безбедна и здрава работна средина, а компанијата како членка на Титан групацијата во континуитет се стреми кон имплементација на најдобрите практики во областа. Во компанијата постојано се врши евалуација и се анализираат сите активности, а преку ваквиот пристап дополнително се намалува можноста за евентуални ризици. Вработените во текот на годината поминуваат обуки за заштита и безбедност при работа, а се преземаат и дополнителни мерки, како постојана едукација, лекарски прегледи за вработените и слично.

На настанот Валерија Миланова, менаџер за здравје и безбедност во ТИТАН УСЈЕ го презентираше моделот „CMS Контрактор менаџмент систем и дигитализација“  во рамките на панелот „Безбедна и здрава работа во ера на дигитализација – пример на добри практики“.

Сподели!
- Advertisement -