ВИДЕО: Во Чиле испечатена првата 3Д куќа во Латинска Америка

- Advertisement -

Универзитетски тим од Чиле ја направи првата бетонска куќа користејќи роботски 3D печатач и влезе во историјата на модерната архитектура во Латинска Америка. Печатачот Atenea-UBB и индустрискиот робот KUKA KR120 се користени за брзо создавање на компактна куќа при изградбата на куќа од околу 30 квадратни метри.

Индустрискиот робот се користел за истурање слој по слој бетон за изградба на ѕидовите и ја завршил работата за само 29 часа, а потоа биле потребни два дена за да се склопат ѕидовите, пренесува Reuters.

- Advertisement -

Клаудија Муњоз од Архитектонскиот факултет на Универзитетот Биобио, која овој месец го презентираше проектот, рече дека куќата има седум ѕидови кои се целосно испечатени во нивната лабораторија.

Куќата е поставена во населбата Тореонес во градот Консепсион, на земјиште на приватна градежна компанија која се приклучила на проектот.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -