Inovativnost Insights, најновиот серијал видео интервјуа на Иновативност го започнуваме со Христијан Ѓорески е chief AI scientist или главен научник за вештачка интелигенција во англиската тех компанија Emteq која пред само неколку недели имаше промоција на најновиот производ – паметни очила Sense кои имаат способност да ги препознаваат, читаат емоциите на оние кои ги носат, да следат што јаде тој, какви гримаси прави и врз основа на тоа да се изведат заклучоци кои ќе се користат за водење поздрав живот и во медицинска намена.
Христијан и неговиот тим од млади иновативни умови ги посетивме во нивната канцеларија во Дебар Маало каде ги снимивме ова интервју. Христијан, кој е и вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ни објасни како функционираат Sense очила на иновативна компанија Emteq Labs, во чиј што развој голем удел има македонскиот тим.
Новинар – Верица Јорданова
Снимател и монтажер – Синиша Илијевски
Погледнете како функционираа очилата во пракса. Што се да снимат и да ви кажат Sense во реално време додека ги нос погледнетe во следното видео: