Употребено растително масло се претвора во биодизел за само 60 минути

- Advertisement -

Истражувачите развија нов метод за производство на биодизел од отпадно масло. Овој едноставен процес бара релативно мала топлина и има потенцијал да го направи алтернативниот извор на гориво многу попривлечен за масивните индустриски сектори.

Развиен од хемичари од Универзитетот Санта Круз, процесот го претвора искористеното растително масло во биодизел. Тие користеле натриум тетраметоксиборат (NaB(OMe)4), кој се користи за да се направи активната состојка која реагира со маслото за да се добие биодизел. Според истражувачите, тоа овозможува биогоривото лесно да се одвои од нуспроизводите на производството – со едноставно истурање, според истражувачите.

- Advertisement -

Хемичарите, исто така, тврдат дека реакцијата може да се заврши за помалку од еден час на температури до 40 °C (104 °F), заштедувајќи енергија и пари. Исто така, добиениот нуспроизвод може да се користи за регенерирање на најскапата состојка во производниот процес.

„Отсекогаш сакав да работам на биодизел. Почнав да го истражувам овој нов материјал што го направивме за да видиме дали може да ги нападне мастите во маслото за да помогне во катализирањето на биодизелот и се тргна оттаму“ вели Кевин Лофгрен, главен автор и д-р по хемија на Универзитетот Санта Круз.

- Advertisement -

Додека индивидуалните потрошувачи се повеќе се свртуваат кон соларната и електричната енергија за да ги напојуваат своите домови и возила, огромните индустриски сектори во Америка сè уште се потпираат на дизел гориво. Истражувачите истакнаа дека поголемиот дел од камионите, возовите и чамците што испраќаат стоки ширум светот моментално работат на дизел мотори и нема да бидат електрифицирани наскоро, се вели во соопштението за печат.

Исто така, тврдат дека биодизелот, кој е одобрено јаглеродно неутрално гориво, може да ги напојува возилата без потреба од модификации на моторот.

- Advertisement -

„Овој нов метод е посебен бидејќи е едноставен и достапен. Има бонус што може да го регенерира почетниот материјал. Веќе е доволно ниска цената за да стане конкурентна. Но, ако можете да ја купите најскапата состојка еднаш и потоа да ја регенерирате, тоа би било поекономично на долг рок“, додава Лофгрен.

Студијата е објавена во списанието на Американското хемиско здружение Energy & Fuels, а го демонстрира процесот што може да произведе биодизел на температура пониска од онаа што е потребна за вриење на водата.

Скот Оливер, професор по хемија и биохемија и коавтор на студијата, изјави дека секому му е потребна енергија – секоја фарма, фабрика за производство на храна и транспортните возила зависат од тоа.

„Ова навистина може да има големо влијае врз луѓето. Овој процес може да се направи на малку повисока собна температура и може повторно да се употребува. Не треба да имате рафинерија; потенцијално можете да го користите овој метод на фарма“ вели тој.

(Interesting Engineering)

(фото: Free Malaysia Today)

Сподели!
- Advertisement -