Најголемиот хибриден брод во светот ќе плови меѓу Франција и Велика Британија

- Advertisement -

Компанијата Brittany Ferriers го најави доаѓањето на најголемиот хибриден брод во светот во 2024 година. Бродот наречен Sain-Malo е најавен во официјално соопштение. Долг е 194,8 метри, а има батерија со капацитет од 11,5 MWh, што е отприлика дупло повеќе отколку типичнуите хибридни возила. Овој брод ќе замени еден од постарите модели кои пловат од Сен Мало во Франција до Портсмут во Велика Британија.

„Brittany Ferries гордо го предводи одржливиот поморски транпспорт и соработува со партнери за да се воведат чисти пловила во регионите каде што работиме. Хибридната технологија продолжува да ја унпаредува нашата програма за обновување ан флотата, а следува воведувањето на два LNG бродови. Од првиот ден од нив корист ќе имаат пристаништа од типот на Сен Мало и Портсмут. Енерфетските можности на брегот овозможуваат реализација на корисните планови, како и инвестиции во плагин хибридна инфраструктура“ велат од Brittany Ferries.

- Advertisement -

Хибридниот брод Saint-Mаlo има бројни системи кои му овозможуваат птимизација на енергијата во реално време, како и подобра ефикасност и поудобно пловење. Бродот е опремен со карактеристики кои го прават одржлив, а меѓу нив се оптимизираната енергетска ефикасност, хибридната снага и плагин на брегот, а имаат потенцијал за подобрување до 15% кога е во прашање емисијата на стакленички гасови во споредба со моторите на дизел погон. Овие податоци ги соопшти компанијата Wärtsilä, која во соработка со прпоизводителот ан бродови StenaRoro развива друг хибриден брод за Brittany Ferries. Двата нови хибриди ќе ги заменат бродовите Bretagne и Normandic, кои имаат најдолг стаж во компанијата.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Britany Ferries)

Сподели!
- Advertisement -