Топ 100 највредни брендови во светот: За прв пат се намалува вредноста на Apple

- Advertisement -

Консултантската компанија Interbrand го објави новото рангирање на Топ 100 највредни брендови во светот за 2024 година. Технолошкиот бренд Apple повторно ја држи водечката позиција, но за прв пат вредноста на компанијата бележи намалување од 3% и се проценува на околу 488,9 милијарди долари.

„Претпазливиот пристап на Apple кон вештачката интелигенција покажува приоритет кон долгорочната доверба на потрошувачите пред краткорочниот профит“ – коментира Грег Силверман, глобален директор за економија на брендови во Interbrand, како причина за падот на вредност на Apple.

- Advertisement -

На првите пет места на листата на највредни светски брендови се сите технолошки компании. Па така, освен Apple на првата позиција, следуваат Microsoft со вредност од 352,5 милијарди долари, потоа Amazon со 298,1 милијарди долари, на четврто место Google со 291,3 милијарди долари и на петтата позиција Samsung со вредност од 100,8 милијарди долари.

Највредната „десетка“ ја комплетираат: Toyota со вредност од 72,8 милијарди долари, Coca-Cola со вредност од 61,2 милијарди долари, потоа Mercedes-Benz со 58,9 милијарди долари, McDonald’s со 53 милијарди долари и BMW со вредност од 52 милијарди долари.

- Advertisement -

Комплетната листа на Топ 100 највредни брендови во светот според истражувањето на Interbrand може да се разгледа на следниот ЛИНК.

(Marketing365)

- Advertisement -

Фото – Pinterest

Сподели!
- Advertisement -