Eвропската Комисија предвидува уште поголемо заостанување на ЕУ зад САД

- Advertisement -

Економијата на еврозоната би требало уште повеќе да заостанува зад САД, објави во петокот Европската комисија, откако ја намали прогнозата за раст за 2025 година на 1,3 отсто.

Ова намалување во однос на претходната прогноза во мај, која предвидуваше раст од 1,4 отсто, укажува на растечки песимизам за економските перспективи на ЕУ, која се повеќе заостанува зад САД, пишува Фајненшл тајмс.

Оценките на Брисел остануваат пооптимистички од оние на приватниот сектор. Според прогнозите составени од Consensus Economics, економијата на еврозоната следната година ќе порасне за 1,1 отсто, што е значително помалку од очекуваните два отсто за САД.

- Advertisement -

Главниот економист за еврозоната во ИНГ банка, Карстен Брзески, смета дека прогнозите на ЕК се преоптимистички и додава дека ревидираните проценки не ги земале целосно предвид структурните слабости на економијата во регионот.

Прогнозата на ЕК за еврозоната е значително послаба во споредба со посветлата перспектива за американската економија, која, според проценките на Брисел, ќе порасне за 2,1 отсто во 2025 година и 2,2 отсто во 2026 година. Германија, најголемата економија во ЕУ, стагнира во последните две години додека нејзините производствени компании се борат да се натпреваруваат со странските ривали.

- Advertisement -

(Biznis.rs)
Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -