Халкбанк АД Скопје – Лидер во поддршка на женското претприемништво

- Advertisement -

Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените.

Преку внимателно креиран Пакет за жени кој е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени, со реализирана кредитна линија од 10 милиони евра,  банката веќе им овозможи успешен бизнис на повеќе од 300 клиентки во земјата.

- Advertisement -

Пакетот за жени нуди низа погодности како можност за добивање финансиски средства за основни и обртни средства во висина до 500.000 евра, со фиксна и варијабилна каматна стапка во зависност од намената на средствата. Пакетот обезбедува и низа други бенефиции како бесплатно водење на сметката, пониски провизии за денарски платен промет и за плаќање налози преку е-банкинг, без месечен трошок за електронско банкарство. Тој исто така вклучува и бизнис Мастеркард дебитна картичка без надоместок за издавање и намален трошок за годишна членарина за Мастеркард кредитна картичка, зголемени каматни стапки за депозити за правни лица, како и еднократен попуст за каско, домаќинско и патничко осигурување издадено од Халк Осигурување.

Покрај финансиските услуги, Халкбанк преку платформата за зајакнување на финансиската слобода на жените, реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањите за финансирање на женските бизниси, па се до низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.

- Advertisement -

Оваа платформа денес е повеќе од финансиска поддршка – таа е инспирација за „Силни, храбри и независни приказни“ која продолжува да се развива и унапредува согласно потребите од задоволните и потенцијални клиентки.

Сподели!
- Advertisement -