16.1 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

Кои се економските мерки од Владата за компаниите за справување со кризата?

Kabtel desktop

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува 14.500 денари, но не јавната администрација, изјави денеска на прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски претставувајќи го најновиот сет економски мерки.

„Сите избрани и именувани функционери во државата, од претседателот до директори на централно, локално ниво ќе одат на минимална плата. Затоа што сметам и јас и владата дека ако треба да направиме солидаризирање тогаш ние први тоа треба да го направиме. И јас како претседател на влада и министрите и замениците министри и државните секретари и пратениците и директорите и градоначалниците, сите до еден треба да покажеме први солидарност. И тоа е првата мерка којашто ја носиме“, изјави Спасовски.

Во вториот пакет мерки е предвидена и исплата на минимална плата по вработен од 14.500 денари на компаниите кои се погодени од кризата.

Работодавачите од приватниот сектор, баратели на финансиска поддршка, ќе треба да исполнат и неколку услови за да ја користат мерката. Да не исплаќаат дивиденди на сопствениците, бонуси и годишни награди за деловна успешност и слично на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот. Друг услов е да имаат најмалку 30% намалување на приходите споредено со просекот од минатата година, сезонскиот просек за работодавачите кои што вршат сезонска дејност. За месецот за кој се бара финансиска поддршка просекот на делот на највисоките нето плати на 10% на вработените кај работодавачот барател на финансиска поддршка да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен“, рече Спасовски.

Финансиската поддршка не се однесува на работници кои во последните четири месеци имале плата повисока од 39 илјади денари. Работодавачите имаат обврска да го задржат истиот број вработени до септември.

Фирмите кои имаат загуба во 2020 немат обврска да ја вратат помошта, а другите ќе треба да вратат до 50 проценти. Оваа мерка ги опфаќа и медиумите, а дополнително и занаетчиите. Другата опција за помош на приватните фирми е субвенционирање на 50 проценти од придонесите за работниците.

За малите, микро и средните претпријатија се обезбедени дополнитени 8 милиони евра бескаматни кредити, а преку Равојната банка компаниите на располагање им се ставаат и 50 милиони евра за нови проекти и нови вработувања, со ниски каматни стапки.

Тој информираше дека ќе има помош и за вработените кои ќе останат без работа  поради економската криза предизвикана од ковид-19, но и за оние кои биле дел од неформалната економија, а коиги згубиле приходите за егистенција.

Во вториот пакет мерки за помош се опфатени спортистите и уметниците за кои април и за мај е помош  во висона од 14.500 денари.

Спасовски презентирајќи ги мерките за кредитите на правнте и физичките лица во банките рече дека е постигнат договор со банките за олеснување кој тие мора да го испочитуваат.

Пакетот економски мерки на владата е во висина од 200 милиони евра.

Фото – www.vlada.gov.mk

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •