13 од најрадиактивните места на Земјата (1 дел)

- Advertisement -

Има многу радиоактивни жаришта низ светот со оглед на тоа дека (Слика: Гети)
радиоактивните материјали природно се наоѓаат на Земјата. Но, и покрај тоа, за да се каже дека некоја област е радиоактивна може да поттикне мислење дека таму живеат работи што ги наоѓате во научно-фантастичен филм, вклучувајќи зелени блескави мажи и чудното деформирано животно слично на рибата на Симпсон со три очи.

Меѓутоа, во реалноста, ефектите од човековата активност и невнимателност, од тестирањето на нуклеарно оружје и индустриските несреќи, создадоа некои високо радиоактивни области и може да предизвикаат сериозни здравствени ефекти за оние кои одат во нивна близина. Значи, тука се најрадиактивните места на Земјата, без посебен редослед.

- Advertisement -
  1. Нуклеарна централа Чернобил, Украина – Во април 1986 година се случи една од најлошите нуклеарни несреќи во историјата. Настанот се случи за време на безбедносен тест доцна во ноќта во централата што требаше да симулира прекин на електричната енергија на станицата. Но, ова довело до вистинско деактивирање на безбедносните системи на централата, што создало масивна експлозија на пареа и пожар од графит на отворено. Пожарот изложил над пет милиони луѓе само во поранешниот СССР.
  2. Нуклеарна централа Фукушима Даини, Јапонија – Во 2011 година во катастрофата на нуклеарната централа Фукушима Даини трите реактори на централата истекоа радиоактивен материјал и се излеа контаминирана отпадна вода во Тихиот Океан. Фабриката морало да биде затворена, но огромни количини на радиоактивен отпад сè уште се истуриле во околината. Се смета дека ќе бидат потребни околу четири децении за целосно деактивирање на електраната.
  3. Област Ханфорд, Вашингтон, САД – Оваа локација сега е едно од најрадиактивните места во светот, откако произведе околу 74 тони плутониум за резервите на нуклеарно оружје на САД. Основана во 1943 година, се користела за време на Студената војна и била една од главните капацитети на Соединетите Држави за производство на плутониум за производство на нуклеарно оружје. Ханфорд произведувал речиси 2/3 од плутониумот што се користи во резервите на нуклеарно оружје на САД, бидејќи таму беа направени околу 60.000 нуклеарни оружја, вклучувајќи ја и бомбата што беше фрлена врз Нагасаки во 1945 година
  4. Област Семипалатинск, исто така наречено Полигон, е помалку познато, но беше користена од Советскиот Сојуз за тестирање на нуклеарно оружје и се проценува дека таму биле фрлени вкупно околу 456 бомби помеѓу 1949 и 1989 година. Целосното влијание на тестовите излезе на виделина дури кога локацијата се затвори во 1991 година, бидејќи Советскиот Сојуз никогаш не откри што подразбираа нивните тестови. Општ консензус е дека околу 200.000 локални жители биле погодени бидејќи многу развиле различни видови на рак.
  5. Маилу Суу, Киргистан – Под Земјата во Маилу-Су во Киргистан се наоѓа богат извор на ураниум. Во Студената војн советскиот Сојуз ископувал големи количества ураниумска руда, а силно контаминираните отпадни рударски производи билеа закопани околу ископаните области, но значителни количини билее оставени и над земјата. Ова значи дека отпадот влегол и во реката, а ефектите сè уште траат. Околу 10.000 метрички тони биле поирадиоактивен ураниум беа произведени помеѓу 1946 и 1967 година, што обезбедило голем дел од горивото за првите постројки за нуклеарно оружје и атомска енергија на Советскиот Сојуз.
  6. Сибирски хемиски комбинат, Русија – Сè уште со Советскиот Сојуз, една радиохемиска фабрика на Сибирскиот хемиски комбинат, наречена таен град Томск-7, сега познат како Северск, имала неколку нуклеарни постројки за производство на плутониум и ураниум. Градот бил затворен, а во областа можеле да живеат само работници во фабриката и нивните семејства. Но, во 1993 година, работниците предизвикале голема несреќа што испушти радиоактивен гас, ураниум и плутониум во животната средина на растојание од 28 километри, а се смета дека 177.000 луѓе биле погодени од падот.

(Metro.com)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -