Пожарникарите на чело со Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се Мажи на годината за 2024
Вчеравечер, по 7-ми пат, се одржа престижната манифестација „Мажи на годината 2024“, за прв пат во Националната Опера и Балет, а беше поддржана од Адмирал.
Настанот привлече голем број на гости од бизнис секторот, јавниот живот, дипломатијата и други области, кои уживаа во гламурозната атмосфера.
Главната награда за „Маж на годината 2024“беше доделена на пожарникарите, на чело со директорот на Центарот за управување со кризи, генерал Стојанче Ангелов. Ова признание беше заслужено за нивниот храбар и посветен труд во борбата со големите пожари кои ја зафатија Македонија, каде нивната посветеност спаси бројни животи и ги заштити природни ресурси. И покрај тешките услови и предизвиците со кои се соочија, тие не се откажаа.
Наградата за Менаџер на годината замина кај Ѓорѓе Војновиќ, генерален директор на Триглав. Наградата за Маж со Стил oваа година ја доби Амбасадорот и Дипломат Кире Илиоски, кој има добиено признанија за успешна билатерална соработка на нашата држава со други . Менаџер до 40 години оваа година е Бесник Исаки, директор на Бе-Да Логистик, фирма која носи паметни логистички решенија и услуги во транспор. Наградата Млад менаџер на годината најзаслужено замина кај извонредниот млад талент Никола Велковски, основач на Хејрич и Ховицер, кој има направено најголема инвестиција во Македонија од 1 милион долари. За Маж со најголем придонес во спортот беше избран Михајло Михајловски, претседател на Ракометниот клуб Вардар. Мажи со најголем придонес во културата – познатото музичко дуо кои со својот придонес ја збогатија културната сцена, Александар Митевски и Драган Спасов Дац. Маж со најголем придонес во општеството оваа година се додели на Сабри Азири,човек кој обезбеди над 1 милион евра донации за подобрување на здравствениот систем. За Маж странец на годината беше прогласен Амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ , кој има активна улога во проширувањето на партнерствата и дава голема поддршка на реформите во земјата. Хедонист на годината замина кај Денис Ампов, Country Manager на Ананас.
Маж на годината според социјални мрежи со 12.000 гласови убедливо победи Љупчо Крстевски, познат како Mr.Ljube на социјалните мрежи, a на јавноста уште од времето на К15, додека пак Маж со трајни вредности оваа година наградата ја понесе Петар Георгиевски, основач на легендарниот македонски бенд Меморија.
Маж на годината според организаторите, решија да ја доделат на генерал Стојанче Ангелов, Директор на ЦУК
Изборот „Мажи на годината“веќе прерасна во традиција, која секоја година наградува мажи кои дале значителен придонес во општеството и се инспирација за идните генерации.
“Среќни сме што и оваа година направивме настан на кој ги славевме успесите на најуспешние мажи во Македонија. Сакаме да искажеме огромна благодарност до Националната Опера и Балет, за нивната професионалност. Сакаме да им се заблагодариме и на спонзорите, кои ни ја дадоа својата поддршка. Благодарност до сите медиуми, гости и поддржувачи кои направија оваа вечер да биде незаборавна.” – изјавија организаторите, Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.
Настанот беше збогатен со забавен дел од пејачките Калина и Полина, кои изведоа македонски евергрини и светски хитови, на кои публиката не остана рамнодушна, а вечерта беше затворена со коктел забава во фоајето на Националната Опера и Балет, со диџеј сет на урбаниот и познат лик, Зоки Бејбе.
Ова издание на манифестацијата, навистина ќе остане запамтено како уште една успешна и незаборавна вечер.