Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, најави дека ќе воведе бесплатен јавен превоз за секого во градот.Ако воопшто им е грижа.
Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) Белград со години е голем проблем во функционирањето на главниот град на Србија – тој е познат по големите долгови, постојаниот недостиг од возачи и долгогодишните проблеми со наплатата на билетите.
„Од 1 јануари никој повеќе нема да плаќа билет, нема повеќе месечни, годишни или попусти – ова е најголемата реформа на јавниот транспорт досега, или барем од Втората светска војна“, вели Шапиќ.
Најавата на Шапиќ сепак е само предлог. Сепак, следната недела е седницата на градското собрание на Белград, кога треба да биде усвоена таа мерка, најави тој.
Стариот систем за наплата на билети беше променет во 2023 година, кога BusPlus беше укинат по 13 години. Намалени се цените на билетите, воведено е плаќање со СМС и преку апликација.
(ВВС)
(фото: Wikimedia)