Научници од Хонгконг тврдат дека пронашле нов лек за ХИВ вирусот

- Advertisement -

Научници од Институтот за СИДА на Универзитетот во Хонгконг објавија дека можеби пронашле функционален лек за ХИВ, вирусот кој предизвикува СИДА, а станува збор за ново антитело кое ќе може да се користи и за превенција и за лечење на таа опасна болест

Истражувањето кое го предводел професорот Чен Живеи е спроведено во момент кога Кина се соочува со ширење на епидемијата на СИДА меѓу високо ризичните групи, пишува N1info. Речиси 850.000 луѓе во Кина се заразени со ХИВ, според податоците на Обединетите нации.

Вирусот ХИВ го ослабнува имунолошкиот систем, поради што заразените се многу осетливи на инфекции и болести. Новото откритие, кое е тестирано на глувци, покажува дека новото антитело може да помогне во контролирање на вирусот и елиминација на заразените клетки.

- Advertisement -

Антителото ќе може да ги лечи сите варијанти на ХИВ, што е новина, вели Чен, бидејќи не постои една единствена вакцина за сите варијанти на ХИВ. „Нашето новооткриено биспецифично антитело делува против сите варијанти и во тоа е големата разлика“, додава Чен. Откритието беше објавено во едно од водечките светски списанија за биомедицина.

Луѓето заразени со ХИВ можат да го држат вирусот под контрола со антиретровирусни лекови, кои спречуваат вирусот да зарази нови клетки, но мора да ги земаат секојдневно и не ги елиминираат веќе заразените клетки. Новото антитело ќе има значително подолг век од постiјните лекови и ќе се зема многу поретко. Чен вели дека сакаат да направат клинички испитувања на лекот и очекуваат дека тие ќе завршат за 3 до 5 години.

Сподели!
- Advertisement -