НАСА на сите христијани им го честита Божиќ со слика наречена „Кластер за новогодишна елка NGC 2264“, која изгледа како елка, но ако погледнете на ноќното небо никогаш нема да ја видите без специјална опрема.
Сликата го претставува јатото NGC 2264, група млади ѕвезди стари меѓу еден и пет милиони години, а е создадена со комбинирање на податоците од опсерваторијата за рендгенски зраци Чандра на НАСА и оптичките податоци од телескопот на астрофотографот Мајкл Клоу во Аризона.
Податоците на Чандра се прикажани со црвена, виолетова, сина и бела боја, додека оптичките податоци се во зелена и виолетова боја.
За споредба, нашето Сонце е средовечна ѕвезда стара околу 5 милијарди години или околу 1000 пати постара од овие ѕвезди во „елката“.
Ѕвездите овде се гледаат како сини и бели светла опкружени со вител од гас или „борови иглички“ од дрвја, додека зелената боја претставува светлина во видливиот спектар.
(Vidi.hr)
(фото: NASA)