Во ерата на глобалното дигитално поврзување социјалните мрежи играат клучна улога во промовирањето на дестинации ширум светот. Градовите повеќе не се само географски концепти или локации, туку и симболи на културата, естетиката и начинот на живот.
Популарноста на одредени градови е директно поврзана со социјалните мрежи и луѓето кои ги промовираат. Токму поради оваа причина, веб-страницата Titan Travel создаде листа со најпопуларните градови во светот за 2024 година.
Според податоците од Social Travel Index на Titan Travel за 2024 година, најпопуларни градови на социјалните мрежи во 2024 година се Ница, Лондон и Париз. Овие три града доминираат во дигиталниот простор и привлекуваат најголемо внимание на модерните патници.
Врз основа на последните податоци, првото место го зазеде Ница, скапоцен камен на француската ривиера. Ника има оценка 8,42 од максимум 10, благодарение на импресивниот број на објави на TikTok и Instagram. Прекрасните плажи, историската архитектура и близината до луксузните дестинации како Монако го прават овој град исклучително привлечен, пренесува TU Magazin.
На второ место е Лондон, со оценка 8,17. Лондон е еден од најпосетуваните градови во светот и води по бројот на објави на Instagram, додека е втор најпопуларен на TikTok. Градот привлекува посетители со својата богата историја, знаменитостите како Лондонската кула и Биг Бен, но и модерните места со космополитски дух.
Третото место го зазеде Париз со резултат 8,06. Овој град е синоним за романтика и уметност, фина гастрономија и хедонизам. Градот на светлината, како што уште го нарекуваат, доминира на Instagram благодарение на сликите од Ајфеловата кула, реката Сена и музејот Лувр.
Барселона, Истанбул, Дубаи, Њујорк, Торонто, Мадрид и Амстердам се меѓу првите десет најпопуларни градови.
(Bizlife)
(фото: GoodFon)