Kaspersky IT Security Economics 2024: Компаниите се најзагрижени за губењето на продуктивноста, сложените технолошки средини и обезбедувањето заштита на податоците

- Advertisement -

Според неодамнешниот извештај на Kaspersky IT Security Economics, поголемиот дел од компаниите сметаат дека губењето на продуктивноста, сложените технолошки средини и обезбедувањето заштита на податоците се најзагрижувачки деловни прашања, поттикнати од растечките потреби и барања за ИТ безбедност.

Извештајот на Kaspersky IT Security Economics се објавува секоја година за да се анализираат промените во буџетите, прекршувањата и деловните предизвици што ги засегаат носителите на одлуки за ИТ безбедност. Овој извештај е составен од интервјуа со ИТ професионалци и професионалци за ИТ безбедност од организации од различни големини и индустрии. Истражувањето беше спроведено во 27 земји низ Европа, Азиско-пацифичкиот регион, Блискиот Исток, Турција и регионот на Африка, Латинска Америка и Северна Америка.

- Advertisement -

Според извештајот, застојот и изгубената продуктивност се најзагрижувачките деловни проблеми предизвикани од неефикасната ИТ безбедност, мислење изразено од 38% од компаниите. Тие се соочија со овој проблем главно поради долго време потребно за откривање, реагирање и отстранување на заканите.

Обезбедувањето сложени технолошки средини и конективноста на податоците се следните на листата на клучни грижи, според 33% од испитаниците. Меѓу главните проблеми испитаниците укажаа и на зголемениот број инциденти кои вклучуваат некомпјутерски поврзани уреди и неправилни операции на решенијата за сајбер безбедност што ги оставаат системите изложени. Дополнително, тешкотиите со менаџирањето со безбедноста на различните компјутерски платформи се клучна потешкотија за градење на доверлив сеопфатен систем за сајбер-безбедност.

- Advertisement -

Заштитата на податоците е третата важна грижа што исто така ја изразиле 33% од компаниите. Испитаниците се загрижени, бидејќи редовно се соочуваа со физичко губење на уреди од страна на вработените и доживуваат истекување на податоци од корпоративните системи предизвикани и од надворешни и од внатрешни причини.

„Во денешниот комплексен пејзаж на закани кој континуирано се развива, софистицираноста на сајбер нападите наложи зголемена свесност кај бизнисите. Од клучно значење е организациите да го заштитат секој аспект од нивното работење од потенцијални прекршувања. Напаѓачите повеќе не се потпираат само на нула-ден експлоатирања, бидејќи едноставно кликнување на злонамерна врска или ранливост во инфраструктурата може да доведе до катастрофални последици. Ова ја нагласува идејата дека безбедноста на информациите треба да се заснова на сеопфатен и систематски пристап“, изјави Alexey Vovk, директор за информациска безбедност во Kaspersky.

- Advertisement -

За да ги заштити компаниите од широк опсег на сајбер закани, Kaspersky препорачува:

  • Користете сеопфатни решенија од линијата производи Kaspersky Next кои обезбедуваат заштита во реално време, видливост на закани, напредни способности за истражување и одговор за компании од која било големина и индустрија. Во зависност од моменталниte потреби и расположливите ресурси, компаниите можат да го изберат најрелевантното ниво на производи и лесно да мигрираат на друго, доколку нивните барања за сајбер-безбедност се менуваат.
  • Обезбедете им на вашите професионалци за безбедност на информации длабинска видливост на сајбер-заканите насочени кон вашата организација. Најновиот Kaspersky Threat Intelligence  ќе им обезбеди богат и значаен контекст низ целиот циклус на управување со инциденти и ќе помогне да се идентификуваат сајбер ризиците навреме.
  • Ако на компанијата и’ недостасуваат квалификувани професионалци за безбедност на информации, имплементирајте управувана безбедноснo решение, како што е Kaspersky Managed Detection and Response. Ќе ја обезбедите потребната експертиза и ќе ги добиете најдобрите можни напредни автоматизирани безбедносни услуги. Благодарение на нејзината анализа на корпоративните податоци што се собираат секој ден, во реално време, 24/7, може да ги заштити бизнисите од софистицирани кибер напади.

За да добиете повеќе сознанија за трошоците за ИТ безбедност и буџетите во бизнисите, посетете го интерактивниот калкулатор за ИТ безбедност.  Целосниот извештај „ИТ безбедност економија“, е достапен тука.

Сподели!
- Advertisement -