Д-р Хон Пак (Hon Pak), виш потпретседател и раководител на тимот за дигитално здравје, Mobile eXperience Business, Samsung Electronics
Со повеќе од 25 години искуство во медицинската област, а сега како раководител на тимот за дигитално здравје во Samsung Electronics, голем дел од времето го поминувам размислувајќи како технологијата може вистински да поттикне напредок во здравството, наместо да биде само уште една иновација заради самата иновација. Затоа сум многу возбуден за вештачката интелигенција (AI), бидејќи таа нуди нови начини за решавање на многу здравствени проблеми во општеството преку поедноставување на комплексноста и тоа во огромна мера.
Во нашата континуирана работа за повторно осмислување на здравството, Samsung користи напредни AI алгоритми и обемна техничка експертиза за развој на решенија како што е Energy Score. Оваа функција ги квантифицира физичките и менталните нивоа на енергија преку повеќе здравствени показатели, вклучувајќи сон, здравје на срцето и физичка активност. Нашата визија е да вклучиме уште посеопфатни метрики како што се исхраната, менталното здравје и дополнителни модели на користење на мобилни уреди за да обезбедиме холистички преглед на здравствената состојба на корисниците, поттикнат од вештачката интелигенција.
Вештачката интелигенција носи голем потенцијал за рана превенција на болести преку анализа на обрасци и однесувања, откривање на абнормалности и дури предвидување на можни здравствени проблеми. Комбинирајќи ги нашите долгогодишни иновации во сензорите со лидерството во вештачката интелигенција, наша цел е да ги унапредиме нашите способности за превенција на болести, не само на апнејата при спиење, со проширување кон кардио-метаболичките состојби. Попрецизно, гликозата во крвта е голем фокус за нас, и Samsung работи на развој на сензорски алгоритам кој предвидува рани знаци на дијабетес – заедно со неинвазивна технологија за мерење на гликоза во крвта и континуирано следење на гликозата со интегрирани упатства за исхрана.
Нашата цел е да поддржиме проактивно управување со здравјето, со што ќе се намали здравствениот товар врз поединците, семејствата и заедницата во целина. Цврсто верувам дека вештачката интелигенција ќе ја револуционизира индустријата за дигитално здравје и ќе го поедностави патот кон благосостојбата за сите. Како глобален технолошки лидер, Samsung е подготвен да ја реализира оваа цел преку комбинација на технолошки иновации и растечки екосистем на партнери.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.