М6 Едукативен центар стартува со сопствен поткаст – во првата епизода гостува Светозар Јаневски

- Advertisement -

Скопје, 29 јануари 2025 – М6 Едукативен центар го стартува сопствениот поткаст „Чекор напред со М6“, каде преку разговори со врвни експерти и докажани професионалци ќе понуди уникатен увид и професионални искуства за различни аспекти на бизнисот и личниот развој. Овој проект има за цел да ги поттикне професионалците од различни области и компаниите да развиваат стратешки пристап, знаење и вештини кои придонесуваат за долгорочен успех и одржлив развој.

Во 2020 год. М6 ја креираше платформата „Чекор Напред“ преку која разработува решенија за значајни прашања кои ги засегаат сите во општеството преку организирање тренинзи, обуки, работилници и други настани. Овој поткаст е логичен ЧЕКОР НАПРЕД во развојот на оваа иницијатива која има за цел да даде  поддршка на професионалниот развој на лидерите и вработените во македонските компании. Секоја епизода ќе биде посветена на различни теми од бизнисот и образованието, а главен фокус ќе биде ставен на актуелни и релевантни теми за мали и средни претпријатија, менаџери, претприемачи и професионалци кои сакаат да го прошират своето знаење и да добијат практични совети од водечки експерти.

- Advertisement -

Првата епизода од поткастот, која ќе биде емитувана на 29 јануари 2025 година, ќе донесе ексклузивен разговор со Светозар Јаневски, еден од најуспешните претприемачи и бизнис-визионери во земјава. Презентирајќи го своето долгогодишно богато искуство во управување со компании од различни индустрии, Јаневски ќе го сподели својот пристап кон клучните предизвици во управувањето со човечки ресурси – идентификувањето и развојот на талентите, улогата на лидерството во поттикнувањето на продуктивноста и задоволството на вработените, создавање мотивирани тимови, влијанието на стратегиското управување со човечки ресурси врз долгорочниот успех на компанијата и градење на организациска култура која поттикнува иновации.

„Со поткастот ‘Чекор напред со М6’ сакаме да создадеме простор за конструктивни дискусии и размена на искуства кои ќе им помогнат на поединците и организациите да ја унапредат својата работа. Светозар Јаневски е вистинскиот избор за отворање на оваа платформа, бидејќи неговата визија и резултати претставуваат инспирација за многумина“, изјавија од тимот на М6 Едукативен центар.

- Advertisement -

Следните инспиративни гости на поткастот „Чекор напред со М6“ ќе ја презентираат својата експертиза за дигитализацијата, дигиталниот маркетинг, финансиите, контролата на квалитетот, управувањето со проекти, извозот, логистиката, успешната продажба и други теми поврзани со секојдневното управување на компаниите.

Со цел да достигне до широка публика поткастот ќе биде достапен на сите главни дигитални платформи, вклучувајќи ги Spotify, Apple Podcasts и YouTube, додека целосната епизода ќе биде достапна и на официјалната веб-страница на Центарот – www.m6.edu.mk

- Advertisement -

Овој серијал е под покровителство на Иницијативата за развој на кадрите во приватниот сектор во државата, ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@MK спроведуван од Хелветас.

Сподели!
- Advertisement -