Позната американска авиокомпанија објави дека на патниците може да им биде забрането да се качат во авион доколку се боси, ако носат облека со навредливи зборови или несоодветни пораки. Американска авиокомпанија Ryanair се најде на удар на критики откако воведе построги правила за облекување за патниците.
Новите правила им забрануваат на патниците да се качат ако се боси, несоодветно облечени или носат облека со навредливи пораки. Spirit Airlines ги ажурираше своите политики за сега јасно да наведе дека на патниците нема да им биде дозволено да се качат ако се боси, несоодветно облечени (што вклучува проѕирна облека, слабо покриени делови од телото и експлицитно изложување на гради, задник или приватни области ).
Забраната се однесува и на облека и тетоважи со вулгарна, непристојна или навредлива содржина, како и на патници со непријатен мирис, освен ако не се работи за здравствена состојба, пишува Euronews. Воведувањето на овие правила дојде откако патници се обиделе да се качат во авион облечени во кратки блузи и маици со навредливи слогани.
Другите американски авиокомпании веќе имаат слични правила. United Airlines има право да ги одбие патниците ако се боси, несоодветно облечени или носат навредлива облека, додека Delta Air Lines наведува дека патниците ќе бидат отстранети доколку нивната облека, хигиена или мирис предизвикуваат непријатност кај другите патници.
Иако европските авиокомпании ретко ги истакнуваат кодексите за облекување на нивните веб-страници, сепак постојат строги правила. Член на кабинскиот екипаж на европска авиокомпанија изјави дека персоналот има право да го одбие влегувањето во авион на патниците кои не се соодветно облечени.
Патниците на Jet2, Ryanair, TUI и EasyJet се особено предупредени, бидејќи овие превозници се познати по спроведувањето на правилата за облекување.
„Маици со пцовки или навредливи логоа често се проблем. Од патниците редовно се бара да се покријат или да се сменат пред да се качат“, рече извор од кабинскиот екипаж.
Овие правила предизвикаа поделени реакции – додека некои поддржуваат построг кодекс на облекување во авионите, други го сметаат за ограничување на личните слободи.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)