Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, не е заинтересиран да ја купи популарната социјална видеоапликација TikTok, која Вашингтон се обиде да ја забрани поради загриженоста за националната безбедност со нејзиниот кинески сопственик ByteDance.
„Не дадов понуда за TikTok. Немам планови што би правел доколку го имам TikTok“, рече Маск.
Тој додаде рече дека тој лично не користи TikTok.
„Не сум желен да го купам TikTok“, рече Маск, кој го купи Твитер во 2022 година пред да ја преименува услугата за социјалните медиуми во X. Купувањето на Твитер беше исклучок, рече тој, додавајќи дека го купил за да ја зачува слободата на говорот.
„Обично градам компании од нула“, истакна милијардерот.
Bloomberg News објави дека кинеските власти ја проценуваат опцијата што ќе му овозможи на најбогатиот човек на светот и близок соработник на претседателот Доналд Трамп да го преземе американскиот бизнис на TikTok доколку не успее да ја одбрани забраната. Според едно сценарио, X ќе ја преземе контролата над TikTok US, изјавија за Bloomberg извори запознаени со ситуацијата.
(Bloomberg)
(фото: Flickr)