Турски астрономи открија две нови планети

- Advertisement -

Истражувачи од Одделот за астрономија и вселенска наука на Универзитетот во Анкара открија две планети во бинарниот ѕвезден систем Кеплер-451, оддалечени 1.336 светлосни години од Земјата. Научниот труд кој го опишува откривањето на планетите е објавен во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, едно од најспрестижните на тоа поле, кое го издава Oxford University Press.

Откритието, зад кое стои шефот на Катедрата за астромонија и вселенски науки на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Анкара, проф. д-р Селим Осман Селам, предавачите на истиот отсек Екрем Мурат Есмер и Озгур Бастурк и професорот Синан Алис од Отсекот за астрономија и вселенски науки на Универзитетот во Истанбул, велзе во историјата на науката како второ откритие на планети зад кое стои Турција.

- Advertisement -

„Во системот Кеплер-451, покрај претходно откриената планета, забележавме уште две џиновски планети со големина на Јупитер. Тоа го постигнавме со користење на промена на времето на помрачување кое се гледа во тој систем. Во истражувањето е утврдено дека овој систем, кој содржи вкупно три планети, кружи во стабилни орбити. Пронаоѓањето на планети околу бинарни ѕвезди е предизвик. Ако ја погледнеме светската литература, откритието на планети околу двократни ѕвезди се случува прв пат во Турција“ вели професорот Селам.

Една од планетите е отприлика 1,5 пати поголема од масата на Јупитер, а другата е речиси двојно поголема,

- Advertisement -

(Al Jazeera)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -