Првиот македонски робот „Алшар” на професорот Сефиданис предизвика огромен интерес во светот

- Advertisement -

Гостин во Inovativnost Insights е хуманоидниот робот Алшар на професорот Анис Сефиданис од Факултетот за машинска интелигенција и роботика на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, основач на Центарот за истражување и развој на експоненцијални технологии.
Средбата беше инспиративна, приказната на Сефиданис за потребата од развој на роботи и други проекти во областа на т.н. дигитална хуманост е неверојатна. Алшар е развиен како целосно македонски производ кој веќе предизвикува интерес и во странски земји. Создаден е првенствено да биде ди-џеј кој со помош на интергрираната вештачка интелигенција има капацитет да ја препознава публиката пред која ќе настапува и да „расудува„ каква музика ќе пушти и дали има потреба да компонира сопствена музика.
Работата на професор Сефиданос во областа на роботиката предизвикува голем интерес и во странство и неговиот автор најавува дека наскоро ќе има возбудливи вести за идниот развој.

Сподели!
- Advertisement -