ЕУ воведува контрамерки за американски стоки вредни над 28 милијарди долари

- Advertisement -

Брисел одговара на зголемените американски царини за челик и алуминиум со нови тарифни мерки од април

Европската унија ќе воведе контрамерки за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра (28,33 милијарди долари) од следниот месец, како одговор на американските царини за челик и алуминиум, соопшти Европската комисија, јавува Ројтерс.

Комисијата објави дека од 1 април ќе ја укине тековната суспензија на царините за американски производи и дека до средината на април ќе предложи нов пакет на контрамерки.

- Advertisement -

„Ова одговара на економскиот обем на американските тарифи. Нашите контрамерки ќе бидат воведени во две фази – почнувајќи од 1 април и целосно спроведени од 13 април“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Подготвени сме за конструктивен дијалог. Го задолжив комесарот за трговија, Марош Шефчович, да ги обнови разговорите со САД за да истражи подобри решенија“, додаде фон дер Лајен.

- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе зголемени царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум, кои стапија на сила во средата, откако претходните изземања, квоти без давачки и исклучоци за одредени производи истекоа.

(Мета)
Фото – Norske Leksikon

Сподели!
- Advertisement -