Instagram ќе ве предупреди кога некој ќе направи screenshot на вашите stories

- Advertisement -

Како што беше најавено, Instagram почна да тестира нотификации кои ги известуваат корисниците во случај кога некој ќе направи screenshot на нивните споделени Instagram stories

Со ова, социјалната мрежа презема уште една карактеристика од Snapchat со тоа што ова е позитивен чекор во насока на подобрување на приватноста на корисниците. Социјалната мрежа потврди за TechCrunch дека тестира систем на предупредување при овој чекор од корисниците. Доколку сте помеѓу избраните корисници со кои Instagram ја тестира опцијата, ќе добивате информации дека сопствениците на одредени stories ќе бидат известени доколку направите screenshot.

За сега нема информации дали оваа опција ќе им биде достапна на сите бидејќи тоа зависи од неколку фактори како можноста некои корисници да престанат да ги отвораат stories на своите пријатели.

- Advertisement -

Меѓутоа, ако Instagram одлучи да го воведе предупредувањето за сите корисниците, тогаш пак ќе се ослободат и оние корисниците кои претходно се двоумеа дали да објавуваат stories. Оваа опција е популарна кај корисниците бидејќи можат да објавуваат содржина која после одредено време исчезнува.

Сподели!
- Advertisement -