Нови 500 милиони евра заем од европска држава за изградба на локални, регионални и експресни патишта, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој беше тајновит од каде ќе дојдат овие пари.
Мицкоски вели дека општинските проекти пред се ќе се финансираат од буџетот, или со евтини заеми од странство, како што беше кредитот од Унгарија во висина од половина милијарда евра од кои 250 завршија како кредити за компаниите, а другите 250 за општински проекти. Тој вели дека засега нема да ја враќаат опцијата што се обидоа да ја спроведат додека беа во опозиција за издавање на општински обврзници, чии средства ќе беа наменети токму за комунално – инфраструктурни проекти.
Набргу од денеска финализираме ќе ги финализираме преговорите за од прилика половина милијарда евра. За сега ќе го задржам името на државата, но станува збор за европска земја. Пари кои што ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта што повторно ќе значи бенефит за општините. Општина со општина ќе се поврзуваат со локални со регионални патишта, вели премиерот Христијан Мицкоски.