Најголемата германска банка, Дојче банк, планира да укине околу 2.000 работни места

- Advertisement -

Најголемата германска банка, Дојче банк, планира да укине околу 2.000 работни места и да го намали бројот на филијали оваа година. Мерките се дел од пошироката стратегија на банката за намалување на трошоците, пренесува германската агенција dpa.

Дојче банк моментално вработува околу 90.000 луѓе ширум светот. Само во Германија има околу 380 филијали, а дополнителни 470 работат преку нејзината подружница Постбанк. Извршниот директор на Дојче банк, Кристијан Савинг не го откри бројот на филијали што ќе бидат затворени. Но, тој рече дека тоа е „голема бројка“, пренесува Seebiz.

- Advertisement -

Лани во септември најавија дека ќе затворат „двоцифрена бројка“ помали филијали и дека почнале да преговараат за промени со работничкиот совет.

Дојче банк неодамна се фокусираше на дигиталното банкарство и планира да го зголеми бројот на видео и телефонски консултации. Претходно оваа година, тој најави нова иницијатива за реструктуирање чија цел е зголемување на ефикасноста преку помала хиерархија и поголема употреба на вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Минатата година Дојче банк оствари 5,3 милијарди евра добивка пред оданочување, што е за седум отсто помалку од претходната година.

Сподели!
- Advertisement -