Истражувачите од Технолошкиот универзитет на Џорџија развија 3Д-печатен, биоресорптивен срцев залисток, кој промовира регенерација на ткивото. Овој имплант, направен од полиглицерол додеканоат (PGD), се прилагодува на анатомијата на пациентот и може да се вгради преку катетер. По имплантацијата, телото го апсорбира вентилот и го заменува со ново ткиво. Оваа технологија би можела да ја елиминира потребата од повторни операции, особено кај педијатриски пациенти чии залистоци растат со текот на времето.
На над 5 милиони луѓе само во Америка секоја година им се дијагностицира проблем со срцевите залистоци. Моменталните третмани вклучуваат користење на ткиво од животински залистоци, за што најчесто се потребни повеќе операции. Решението на истражувачите од Технолошкиот универзитет на Џорџија е бипечатено, што знали дека е евтино за производство и може да биде широко достапно.
Поимот биоресорптивно значи дека ткивото на пациентот ќе зарасне околу 3Д-печатениот залисток и затоа е повеќе биокомпатибилно решение во споредба со тие што се користеле досега. Тоа значи дека на некој начин ќе се апсорбира во телото на пациентот и може да се покаже дека е најбиокомпатибилно решение за пресадување на залисток, додека истoвремено на пациентите им дава шанса за подолготраен третман на болеста.
Ова решение буди нова надеж за ефикасен третман на срцевите залистоци. Наместо да се користи животинско ткиво, овој пристап овозможува да се регенерира сопственото ткиво на пациентот. Истражувачите во моментов ја тестираат издржливоста на залистокот и се надеваат дека нивната технологија ќе го промени третманот на срцевите залистоци, особено кај болните деца.
(Georgia Tech)
(фото: Pickpik)