Ова е најплатената работа со најмалку стрес

- Advertisement -

На самиот врв на листата со најдобро платени работи со ниско ниво на стрес се најде стоматологијата, покажа најновот истражување на американската медиумска куќа U.S. News & World Report. Иако оваа професија не се најде на првото место на листата со најплатени занимања во светот, во категоријата „годишни примања и ниво на стрес“ се најде на челната позиција.

Имено, според истражувањето, вработените во оваа струка во САД во просек примаат годишна плата од 225.760 долари. Како што наведуваат од Market Watch, причината за тоа лежи во добрата организација на дневниот распоред.

- Advertisement -

Како и во повеќето медицински области, точниот дневен распоред е познат и неколку дена однапред и тоа во голема мера го намалува стресот. Покрај тоа, на намалувањето на стресот позитивно влијае и фактот дека стоматолозите во просек имаал мал број итни интервенции.

Во анализата на U.S. News & World Report биле вклучени 187 високо платени работни позиции, а покрај стоматологијата, на листата со најмалку стресни занимања со можност за напредок и добар баланс на приватниот живот и работата се најдоа и програмирањето, статистиката, логопедијата, ветеринарството и дел од медицинските струки.

Сподели!
- Advertisement -